Влада: Продажбата на акциите на „Славија“ е запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот
Продажбата на АД „Славија“ е привремено запрена поради барање за времена мерка доставено до Судот, кој по службена должност постапил по барањето на поранешниот сопственик на акциите на ова акционерско друштво, Кирил Кочевски, соопшти денеска Секторот за односи со јавноста на Владата, реагирајќи на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ за кои се посочува дека се „целосно неточни и манипулативни“, дека наводно Агенцијата за управување со одземен имот се откажала од продажбата на акциите на „Славија“.
– Вакво барање е доставено и до Централен депозитар за хартии од вредност и до Комисија за хартии од вредност. Против лицето Кирил Кочевски е донесена првичната пресудата за одземање на акциите на АД „Славија“ поради сторено кривично дело. Законско право е на поранешниот сопственик да побара времена мерка од Судот, се наведува во соопштението.
Од владината прес-служба посочуваат дека Управниот одбор на Агенцијата врз основа на доставениот предлог за поведување на постапка за времена мерка добиен од Судот и согласно досегашната пракса, одлучил времено да ја запре постапката за продажба.
– Тоа значи дека продажбата не може да се реализира додека трае времената мерка, но не значи дека Агенцијата се откажала од продажбата на акции, се додава во соопштението.
Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски денеска на прес конференција излезе со тврдење дека „власта и СДСМ се откажале од продажба на АД „Славија“, признавајќи ја вината“.
– Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Продажбата сакаа да ја направат на незаконски начин, без проценки, без реални вредносни суми на имотот и она што е најинтересно во вакуум период помеѓу смена на две гарнитури од СДСМ и непосредно пред Нова Година. мислејќи дека никој тоа нема да го види, изјави Арсовски.
Претходно, и во соопштение ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека власта ја стопирала продажбата на „Славија“.
– Стопирањето на продажбата на „Славија“ е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал – за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони, се тврдеше во соопштението.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија