Влада: По 15.300 денари за електронски уреди - студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено

Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата.
Во соопштение утрово владината прес-служба појаснува дека оваа мерка подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помагала, во зависност од тоа што им е потребно.
-За студентите се издвојуваат 850 милиони денари од буџетот. Со оваа мерка директно им помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање. Студентите ќе можат да аплицираат до 20 декември, додека, пак, подигањето на ваучерите ќе можат да го реализираат до 31 декември 2025 година. Условите за аплицирањето се објавени на веб сајтот на Владата, се наведува во соопштението.
Сите студенти може да аплицираат на линкот: https://vlada.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/vlada-zapocna-aplic...
-Ги повикуваме студентите да ја искористат оваа мерка и да аплицираат навремено. Владата продолжува посветено да реализира мерки за студентите. Студентите се иднината на Македонија и наша обврска како Влада е да им обезбедиме пристојни услови за студирање преку низа на мерки кои значат квалитетно образование, наведува Владата во соопштение.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Лазарополе, утринските температури од 4 до 14 степени
-

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа
-

Македонската фудбалска репрезентација гостува кај Велс во обид да избори бараж за СП 2026
-

Министерот за надворешни работи на Германија Јохан Вадефул во посета на Скопје
-

Почнува комисиската амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Масовни протести во Словачка: Десетици илјади против Владата на Фицо на годишнината од Кадифената револуција
-

Возило за транспорт на државни пари со два милиони евра ограбено во близина на Рашка
-

Продолжува постапката за избор на претседател на Антикорупциската комисија
