Влада на РМ: Растот на БДП за 1.2 проценти показател дека реформските политики даваат резултати
Податоците на Државниот завод за статистика според кои брутно домашниот производ во последниот квартал лани пораснал за 1.2 проценти за Владата се показател дека со имплементација на реформските политики, економијата во државата почнува да расте.
- Со наследеното намалување на економијата за 1.3 отсто, Владата на Република Македонија отпочна инклузивен процес за реанимација на економијата во државата. Во последната четвртина од 2017 година, бруто домашниот производ во земјата порасна на 1.2 отсто. Овој раст го одразува враќањето на стабилноста и довербата, се вели во соопштението од Владата.
Стабилизацијата на економијата и забрзувањето на растот на бруто домашниот производ во четвртото тромесечие, посочуваат од Владата, јасно покажува дека економските политики ја засилуваат економијата.
- Во 2018 година се очекува раст на економијата од 3.2 отсто и Владата на Република Македонија работи на создавање услови и можности за овозможување на таквиот раст и негово интензивирање во следните години, се посочува во соопштението.
Денеска ДЗС објави податоци според кои бруто домашниот производ во последниот квартал од 2017 година забележал раст од 1,2 проценти.
Според објавените податоци, во четвртото тримесечје од 2017, најголем пораст е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 15,6 отсто, Земјоделство, шумарство и рибарство од четири отсто и Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, Снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 1,1 отсто.
Ново на Сител
-
Орбан: Трговскиот договор меѓу ЕУ и САД е полош од оној со Британија
-
Де Вевер: Нема причина за славење поради трговскиот договор ЕУ-САД
-
Во Стокхолм ќе се одржи нов круг разговори меѓу САД и Кина за трговскиот спор околу царините
-
Стармер ќе разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа и тарифите за британскиот челик
-
Италија победник на Лигата на нации во одбојка за жени
-
Отпечаток од рака стар 4.000 години пронајден на египетски глинен сад
-
Северна Кореја ја одбива понудата за дијалог со Јужна Кореја
-
Тројца загинати, десетици повредени во вчерашната железничка несреќа во југозападна Германија