Влада: Иванов не успева да ги попречи интеграциите и пријателствата кои ги гради Република Македонија
Претседателот Иванов и со денешното свое обраќање пред македонската јавност, во Собранието на Република Македонија, докажа дека остана доследен само на својата определба да продолжи да ги дели граѓаните, која денеска ја дополни со конструкции со кои потврди дека живее во свет на заговори. Наместо да го прочита Договорот од Преспа, и да ги поддржи гаранциите за идентитетот и за просперитетот кои ги нуди овој Договор, тој продолжува да шири невистини и омрази, обидувајќи се со тоа да го попречи напредокот на граѓаните на Македонија.
Ова стои во реакцијата на Владата на годишното обраќање во Собранието на шефот на државата Ѓорге Иванов.
Според Владата, Иванов не верува во сопствената земја и сопствениот народ, а за да го прикрие тоа конструира измислици дека е жртва на некакви активности против него без никаква основа, зборува, додаваат, само за темнина – јазли, поништувања, негирања, пандорини кутии.
-Тоа го прави Иванов претседател заглавен во минатото, пасивен, дефокусиран, без јасно изразена европска и евроатланска агенда. Иванов е политичар кој не е посветен на стратешките интереси на државата. Иванов си оди. Тој не успеа и нема да успее да ги попречи интеграциите, напредокот и пријателствата кои ги гради Република Македонија.Иванов може да зборува само за еден единствен неуспех – сопствениот, неуспехот на неговиот мандат. Со сите свои постапки Иванов сакаше да го запре просперитетот, но не успеа, се посочува во соопштението од Владата.
Воедно, се додава дека граѓаните, меѓународната заедница, ЕУ и НАТО ги поздравуваат интеграциските и реформските политики на Владата со што, се посочува, нашата земја е поставена на патеката на успехот, со обезбеден просперитет и идентитет.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети

