Вкупно 98 изнемоштени и болни ќе гласат утре во Крива Паланка

Вкупно 98 изнемоштени и болни лица од Крива Паланка утре можат да го остварат своето право на глас за претстојниот референдум.
Од општинската изборна комисија Крива Паланка, информираат дека до комисијата биле поднесени 115 барања за остварување на ова право.
- Од вкупниот број поднесени барања одобрени се 98, додека 17 се одбиени поради нeпотполна документација. Своето избирачко право ќе можат да го остварат утре и лицата кои издржуваат казна во Казнено поправниот дом (КПД) во градот, каде има четири лица. Во КПД, Крива Паланка гласачкото место ќе биде отворено во седум часот, на 29 септември, а гласањето ќе трае до 19 часот, изјави Душко Арсовски, претседател на ОИК, Крива Паланка.
Информира дека избирачкиoт материјал бил доставен синоќа во 20 часот, истиoт е примен до 20 часот и 30 минути.
- Денес работиме на распоредување на материјалите по избирачки места. Досега нема никакви забелешки и активностите се одвиваат непречено, додава Арсовски.
Во општина Крива Паланка право на глaс согласно избирачкиот список имаат 16.995 граѓани кои ќе гласаат на 47 избирачки места.
Ново на Сител
-

МЗШВ: Европската комисија нема суспендирано средства од ИПАРД III програмата
-

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но, тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите
-

Од утре повторно дожд, стабилизација на времето од петок
-

Спиропали: Албанија го поддржува интегрирањето на Македонија во Европската Унија, затоа што делиме заедничка иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ местеле тендери
-

Боледувањата ја осиромашиле германската економија за 200 милијарди евра
-

Попладнево повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја
-

Подари моменти на радост, подари „Среќа плус“
