Вкупно 600 граѓани пријавени за вакцина против грип во Делчево
Во Делчево почна вакцинирањето против сезонскиот грип. Како што информира Надица Ефтимовска од Одделението за епидемиологија при Јавната здравствена установа „Гоце Делчев”, досега 600 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцина против грип.
-Вакцинирањето тече во најдобар ред, почнавме со бројка од 450 запишани и дополнителни 150 граѓани, со што вкупно 600 вакцини се обезбедени против сезонскиот грип. Се надевам дека акцијата ќе продолжи во најдобар ред и во наредниот период, истакна Ефтимовска.
Директорката на делчевскиот здравствен дом Марија Глигоровска додава дека поради редовноста на пензионерите, во Делчево последните 10 години епидемија на грип не е забележана.
-Во Делчево одамна се создаде пракса и кога се плаќаа вакцините пензионерите навреме да се вакцинираат. Последните 10 години не сме имале некоја голема епидемија со грип и не сме имале проблеми. Сега вакцините се бесплатни за пензионерите, малку се создаде гужва на почетокот, бидејки сме народ кој сака се во еден ден да заврши, но ќе се справиме успешно со тоа, зашто имаме одлична соработка со Центарот за јавно здравје, додава Глигоровска.
Од Здравствениот дом „Гоце Делчев” ги упатуваат сите што не резервирале термин за вакцина, тоа да го сторат кај своите матични лекари за навреме да се вакцинирааат.
Ново на Сител
-
Шведска може на Украина да и продаде помеѓу 100 и 150 борбени авиони „Грипен“
-
Вонредна есенска дератизација на територија на Општина Центар
-
Под истрага 12 лица осомничени за лихварство и перење пари
-
Нетанјаху: Израел не е протекторат на САД
-
Вардар четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Мицкоски: Потпишавме Меморандум за разбирање со „Бурсток“, која ќе инвестира во наменската воена индустрија во Македонија до 150 милиони долари
-
Координативна средба на Ѓорѓиевски со советничките групи од коалицијата – во фокус на разговорот биле првите чекори по преземањето на градот
-
ЕП усвои резолуција за Србија