Вкупно 39 загинати при уривање на руски авион во Сирија
Сите 39 патници и членови на екипажот загинаа денеска при уривање на руски транспортен авион во Сирија, се наведува во најновото соопштение на Министерството за одбрана на Русија, кое претходно информираше дека загинале 32 лица.
Во соопштението се нагласува дека авионот од типот Ан-26 се урнал при слетување во руската воена база „Хмејмим“ во Сирија.
- Според првичните информации причина за падот на авионот најверојатно се технички проблеми, се наведува во соопштението, при што се додава дека врз леталото не бил отворен оган.
Авионот се урнал во 15 часот по московско време (13 часот по средноевропско време) на околку 500 метри пред пистата, додека се обидувал да слета во базата.
Русија, која е клучен сојузник на Владата на сирискиот претседател Башар ее Асад, ја доби на користење базата „Хмејмим“, што се наоѓа во близина сирискиот брег на Средозменото Море.
Ново на Сител
-
Во Њујорк прва средба Муцунски - Герапетритис
-
Претседателката на Собранието на Албанија во посета на Северна Македонија
-
Израелската армија соопшти дека спроведува „опсежни“ напади врз цели на Хезболах во Либан
-
Состојба на патиштата
-
Топло со ниски утрински температури, утре и задутре дожд
-
Две деца загинаа при уривање на двокатната зграда во Неапол
-
Обилните снежни врнежи го блокираа сообраќајот во Јужноафриканската Република, една жена почина
-
Лавров: Русија е подготвена за војна со НАТО на Арктикот