Вкупно 35 милиони евра земјоделски субвенции за подрачјата со мнозинско албанско население
Од вкупно 150 милиони евра земјоделски субвенции годинава, 35 милиони евра отпаѓаат на општини чии градоначалници се Албанци и во кои мнозинството население е албанско.
Како што рече денеска министерот за економија Беким Незири по работниот состанок во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), поддршката е наменета за капитални инвестиции, изградба на инфраструктура, рурален развој, чистење канали,...
- Земјоделството е многу битна гранка, тесно поврзана со секторот економија. Владата ќе продолжи да го субвенционира со единствена цел - Македонија да продолжи со позитивните трендови во економијата, истакна Незири на прес-конференција.
И државниот секретар во МЗШВ Бесир Јашари нагласи дека со дел од поддршката за 2014, 2015 и 2016 година вредна вкупно 445 милиони евра, опфатени се населени места со мнозинско албанско население.
- Во Програмата за рурален развој лани се доделени средства за изградба на локални патишта, урбанистички планови, канализации,... Обезбедени се 18 милиони евра за наводнување на 3.500 хектари во Полошкиот регион, 13 милиони евра за изградба на брана за обезбедување вода за пиење и за наводнување 5.000 хектари земјоделско земјиште во Слупчане, 200.000 евра за зафати во Тајмишка река, 450.000 за цевковод во Дебар,..., информира Јашари.
Според него, завршени се инфраструктурните активности вредни 114.000 евра за градење центар за откуп на земјоделски производи во Полошко. Парите ги обезбеди Агроберза, а површината од 19.000 метри квадратни ја купи турска компанија. Инвестицијата ќе биде еден милион евра.
Осврнувајќи се на спроведените проекти, но и на оние чија реализација продолжува во 2016 година, државниот секретар Јашари напомена дека се санираат постојните и се отвораат нови патишта за пасиштата и бачилата во Гостивар, Дебар, Кичево, Маврово во должина од 39,4 километри и вкупна вредност од 82.000 евра. Во овој сегмент идната година се предвидени уште еден милион евра за производство на електрична енергија со соларни панели и монтажа на громобрани.
На работниот состанок во МЗШВ присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.
Ново на Сител
-
Министерката Божиновска ќе учествува на Енергетски самит во Атина
-
Уставниот суд денеска ќе одлучува за Законот за данок за солидарност
-
Без струја дел од корисниците во општините Ѓорче Перов, Чаир и Чучер Сандево, без вода дел од корисниците во Карпош и Кисела Вода
-
Трамп рече дека ќе поддржи трајно населување на Палестинците и дека САД „ќе воспостават контрола над Газа“
-
Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот
-
Зеленски изрази подготвеност за директни преговори со Путин
-
Ведро и студено, преку ден сончево
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел