Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни

Вкупно 18 пожари на отворен простор се евидентирани денеска до 18 часот, два и сега се активни, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи.
Во информацијата од ЦУК се истакнува дека четири пожари се под контрола, а 12 се изгаснати.
-Активни се пожарите во општина Македонски Брод - село Грешница, место викано Стојанова населба, каде горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки, како и во општина Струмица - помеѓу селата Ново и Старо Коњарево, гори стрниште - соопштија од Центарот.
Оттаму наведоа дека пожари под контрола има во неколку општини. Станува збор за опожарени депонија во Делчево, ниска вегетација и нискостеблеста шума во село Падалишта во Гостивар, дива депонија во село Долна Белица во Струга, ниска вегетација и стрниште во село Блато, во атарот на село Врбјани, општина Кривогаштани.
Изгаснатите пожари биле на територијата на општините Босилово, Валандово, Гевгелија, Гостивар, Желино, Брвеница, Неготино, Сарај, Штип, Чешиново-Облешево и два во Гази Баба.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
