Македонија
5. September 2021 - 11:29

Вкупно 12 128 лица се провериле во избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден

Вкупно 12128 лица се провериле во избирачкиот список, заклучно со вчерашниот ден, соопшти Државната изборна комисија, која потсетува дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.

Заклучно со вчера се поднесени се вкупно 47 барања за запишување во избирачкиот список, 28 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 22 барања за измена на податоците во избирачкиот список.

Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk  се поднесени вкупно 42 барања.