Вјоса Османи: Украина ќе ја признае независноста на Косово кога ќе извојува победа над Русија
Косовската претседателка Вјоса Османи денеска во Тирана изрази уверување дека Украина ќе ја признае независноста на Косово кога ќе победи во војната против Русија.
Пред почетокот на Самитот за Украина, кој се одржува во Албанија, таа рече дека Косово ја разбира несекојдневната ситуација во која сега се наоѓа украинскиот народ. – Тоа се билатерални прашања.
Ние секогаш сме упатувале такво барање (за признавање на независноста) и ќе продолжиме да го правиме тоа со целосно разбирање дека Украина е во вонредна состојба, војна и се бори за својата слобода, својата независност и вредностите кои се толку важни за сите од нас.
- Убедена сум дека тој момент ќе дојде заедно со победата на Украина, оцени Османи. Таа го оцени овој самит како важен и додаде дека на него ќе се повтори поддршката на Косово за Украина.
„Важно е затоа што ќе имаме можност како вреден сојузник да ја обезбедиме сета наша поддршка за Украина, како што правивме од првиот ден на руската неиспровоцирана и незаконска инвазија на Украина, со воведување санкции, поддршка на граѓаните на Украина, поддршка за украинската армија. И отсега тоа ќе го правиме- Денеска на Самитот ќе зборувам за конкретните чекори што Косово ги презема во таа насока и секако дека ќе бидеме тука додека Украина не победи“, потенцираше Османи.
Ново на Сител
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп
-
Исчезната жена во Скопје, семејството моли за помош
-
Австрија ја прогласи целата земја за ризична област поради појава на птичји грип
-
Ѓердан што сведочи за пропаста на Марија Антоанета оди на надддавање
-
Реформската агенда на владата пред пратениците