„Визер“ ја одбележа 12 годишнината од првиот лет
Со промотивен лет на новиот Ербас А321 денеска нискобуџетната авиокомпанија „Визер“, кој сообраќа на скопскиот аеродром, ја одбележа 12-годишнината од својот прв лет.
Генералниот извршен директор на компанијата Јозеф Варади заедно со авионскиот екипаж беа пречекани на аеродромот „Александар Велики“ од страна на генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски.
По повод годишнината беше промовирана и новата веб страница на компанијата на која има распоред лесно прилагодлив за смартфони, таблети или десктопи. Функцијата (експресно резервирање) е првата од овој вид која им овозможува на корисниците да купат карта со само три клика во рок од 30 секунди. Веб-страницата е достапна директно од смартфон преку wizzair.com или преку m.wizzair.com.
- Во изминатите 12 години, „Визер“ го револуционизираше воздухопловството низ Централна и Источна Европа. Ние моментално поврзуваме 39 држави, со дестинации кои се протегаат од Европа до Блискиот Исток. Минатата година го лансиравме нашиот освежен бренд и го испорачавме првиот Ербас А321, најефикасниот авион со еден коридор во светот и со нашите тековни испораки, нашата флота останува една од најмладите во Европа. Нашата мисија е константно да го подобруваме патувачкото искуство на нашите патници, а денес, правиме чекор напред со лансирањето на нашата нова веб-страница, изјави Варади.
Директорот на скопскиот аеродром Зоран Крстевски рече дека слетувањето на новиот „Ербас“ и одбележувањето на 12-годишнината на „Визер“ е потврда за добрата соработка меѓу двете страни.
- Визер почна со летови на скопскиот аеродром „Александар Велики“ во јуни 2011 година, со првиот лет до Лондон (Лутон). Денес можеме да се пофалиме дека Визер лета на вкупно 24 дестинации, поврзувајќи ја Македонија со 11 европски држави. Зголемената мрежа на дестинации и зголемениот сообраќај на двата македонски аеродроми нè охрабрува да предложиме и нови дестинации, а зошто да не и на прекуокеански сообраќај, рече Крстевски.
Компанијата е основана во септември 2003 година, а во Македонија почна да сообраќа од 2011 година. Оттогаш константно ги зголемува своите операции во регионот и планира да го зголеми својот расположлив капацитет за 22 проценти. Авиокомпанијата има пилоти и тим од 115 вработени и располага со три авиони стационирани во Скопје. До денес, авиокомпанијата услужила 2.2 милиони патници на нејзините 24 рути до 11 држави, од два македонски аеродроми во Скопје и Охрид.
Двата македонски аеродроми пак бележат зголемување за 22 проценти на вкупниот број патници во 2015 година кога се евидентирани 1,560,381 патници. Трендот на зголемување на авиосообраќајот продолжува и оваа година. Во првите четири месеци од годинава преку двата македонски аеродрома беа пренесени 486,968 патници, што е за 28 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2015 година. Исто времено, бројот на полетувањата и слетувањата на двата аеродрома е пораснат за 15 проценти.
Ново на Сител
-
Ибрахимовиќ: Се чувствувам поврзан со Милан и сакам да направам големи работи со овој тим
-
Министерство за спорт: Поништени решенијата за дејност на ЖРК Скопје и ЖРК Гевгелија
-
Атаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА лигата
-
Роналдо: Разочаран сум од оние кои одбиваат да играат за Португалија
-
„Вратете го детето ќе ви дадам пари“, напишал таткото на Вања во родителска вибер група па ја избришал пораката
-
Турција доби понуда од БРИКС да стане земја партнер во организацијата, изјави турскиот министер за трговија
-
Утре облачно со врнежи од дожд, кои на некои места ќе бидат пообилни
-
Лишен од слобода криминалец баран со потерница за казна затвор од 20 години