Виз Ер од декември воведува летови од Скопје до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд
Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер денеска најави четири нови рути од Македонија до Италија, Германија и Данска. Станува збор за дестинациите од Скопје до Болоња и Торино – Италија, од Скопје до Билунд – Данска и од Охрид до Фридрихсхафен – Германија. Првите летови до новите дестинации ќе бидат во декември годинава.
– Новите линии ќе ги надополнат постојните услуги што веќе се користат од скопскиот и охридскиот аеродром и ќе ја потврдат заложбата на авиокомпанијата да им понуди на македонските патници летови до различни дестинации. Новите рути до Болоња, Торино, Фридрихсхафен и Билунд ќе започнат со работа благодарение на распределбата на 5 -тиот авион на Wizz Air базата во Скопје, соопшти денеска Виз Ер.
Новите дестинации, појаснуваат, се познати по нивната култура, природа и гостопримство. Позната по своите кули, цркви и долги порти, Болоња е еден од најпопуларните градови во Италија. Градот има голема студентска популација што му дава космополитски карактер. Торино од друга страна е познат по својата префинета архитектура и кујна. Градот Билунд е дом на вториот по големина аеродром во Данска и е забавно жариште во Европа, обезбедувајќи атракции за сите членови на семејството, особено за малите благодарение на познатиот Леголенд. Сместен директно на брегот на езерото Констанца, Фридрихсхафен е познат по својата природа, како и по тоа што нуди акција и забава во, околу и на вода, велат од Виз Ер.
Оттаму ги советуваат патниците да ги проверат рестрикциите за патување пред да го започнат своето патување. Со Мапата за планирање на патување, патниците можат да ги проверат рестрикциите за патување низ мрежата на WIZZ. Веб-страницата со кодови во боја прикажува сеопфатна карта на можни дестинации, со соодветни линкови до владини веб-страници, страници за патувања и сите формулари што треба да се пополнат пред поаѓање.
Картите за новите рути се веќе во продажба на wizzair.com или на мобилната апликација со цени од 1229 денари / 19.99 евра.
Ново на Сител
-
Во Србија од октомври го зголемуваат минималецот на 500 евра
-
За кокаин и убиства по нарачка шестмина членови на криминалната група Грчец осудени на вкупно 50 и пол години затвор
-
УХМР: Следните два дена топло, потоа локален пороен дожд и ветер
-
Нелегално оружје и муниција одземени од стружанец, за дел поседувал дозвола
-
Три месеци затвор за убиството на кучето Феликс
-
Лекар во Струшката болница го оштетил буџетот на установата за два милиони денари
-
Кривична за дебранец за недозволено изработување и трговија со оружје и муниција
-
Лим од заштитна ограда на градилиште падна врз велосипедист кај „Беко“