Виз-Ер ги намалува капацитетот на патници на балканскиот пазар, опфатени и Скопје и Охрид

Нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер во четвртот квартал годинава од Скопскиот аеродром ќе го намали капацитетот за превоз на патници за 22,6 проценти, односно за 125.726 седишта помалку од минатата година, пишува порталот EX-YU aviation news.
Од Охридскиот аеродром, пак, бројот на слободни места ќе се намали за 32,6 проценти или 17.858.
Виз Ер, како што стои во објавата, продолжува да го намалува расположливиот капацитет на седишта на речиси сите пазари во поранешна Југославија во текот на четвртиот квартал во споредба со истиот период од минатата година. На балканскиот пазар се намалуваат 330.000 седишта.
Во Белград, и покрај тоа што ќе има повеќе летови во претстојните два месеца во споредба со минатата година, Виз Ер ќе го намали својот вкупен капацитет во последниот квартал од годината за 27,6 проценти, намалувајќи 148.292 седишта од пазарот, додека во Ниш ќе има 36.316 помалку места или намалување од 57,2 порценти во однос на 2023 година. Тоа, стои во објавата, резултира со отстранување на 9.366 места од пазарот.
Во Подгорица, пак, Виз Ер го намалува капацитетот за 7,3 проценти или 5.452 седишта, а во Љубљана, со една линија помалку од лани, превозникот ќе има 44,9 порценти помал капацитет на словенечкиот пазар или 11.756 седишта помалку.
Порталот пишува дека следната година Виз Ер планира приземјување на 35 авиони.
Ново на Сител
-

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја
-

Шкендија убедлива со Шкупи, Струга поразена дома од Тиквеш
-

Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрагата на обидот за палење на синагогата
-

Муцунски со честитки до Петер Маѓар, очекува продолжување на билатералната соработка
-

Приведен жител на неготинско Пепелиште, алкохолизиран и со забрана за управување возило удрил во пешак
-

МВР: Лишени од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, осуммина возеле без дозвола, од кои еден малолетник
-

Папата Лав XIV му одговори на Трамп: Не се плашам, мојата мисија е мирот
-

Туск: Европа не е осудена на авторитаризам по изборите во Унгарија
