Високите температури ризични за добитокот
Високите температури негативно се одразуваат врз добитокот. Намалена продуктивност на млеко и месо, хормонални пореметувања и опаднат имунитет, се само некои од последиците што ги трпат домашните животни од екстремно топлото време, вели Илија Маролов од Агенцијата за поддршка на земјоделците - Штип.
Според него, порастот на температурите е пропорционален со ризикот од заболувања, посебно кај тревопасните животни.
- Нивниот имунолошки систем е нарушен, а и во овие топли услови многу се активни преносителите на различните заразни болести. Најопасни се јазлеста кожа и син јазик, вели Маролов.
Агенција за поддршка и развој на земјоделството апелира сточарите да преземат превентивни мерки за заштита од заразни заболувања преку редовно чистење и дезифенкција на објектите каде што се чува добитокот, правилно чување на сточната храна и прописно одлагање на арското ѓубре.
- Да се стават заштитни мрежи како механичка заштита на фармите, да се зголеми хигиената и ако може да се направат оросувачи и вентилација на фармите зависно од финансиските можности и видот на домашните животни, се нашите совети, рече Маролов.
Сушниот период ги остави без вода помалите водотеци, па сточарите во штипскиот регион имаа проблеми и со напојување на стоката на паша. За добитокот што се чува во фарми се препорачува користење вода за напојување од водоводната мрежа.
Според евиденцијата, во штипскиот регион има околу 50.000 грла ситен добиток.
Ново на Сител
-
Трамп утре ќе разговара со високи претставници на Конгресот пред крајниот рок за постигнување договор за финансирање на федералната влада
-
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 28 Септември - Меѓународниот ден на Бошњаците
-
Седум лица се повредени и повеќе згради се оштетени во руските напади врз Киев и Запорожје
-
ОН повторно воведе санкции кон Иран по неуспехот на преговорите за нуклеарната програма
-
Моќните странски гиганти ја „омекнуваат“ строгата регулатива на ЕУ
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
-
Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ
-
Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025