Високи темепратури, до крајот на следната недела портокалова фаза

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. Минималната температура ќе бид во интервал од 14 до 22 степени, а максималната ќе достигне од 34 до 42 степени. УВ индексот ќе изнесува 10.
Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност. Минималната темепратура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 40степени.
Во наредните денови, според УХМР, ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени Целзиусови, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
-

Нов повик за финансиска поддршка на мали претпријатија
-

ВМРО-ДПМНЕ: Советот на обвинители да го испита работењето на Абази
-

Уште две девојчиња пријавиле недолично однесување на наставникот од Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата ќе ги продолжи мерките за горивата кои истекуваат во понеделник
