Високи претставници од разузнавачки агенции се на состанок во Сингапур
Високи претставници на дваесетина најголеми светски разузнавачки агенции се на таен состанок на маргините на состанокот Шангри-Ла дијалог во Сингапур овој викенд, јавија западни медиуми цитирајќи свои неименувани извори.
Таквите состаноци ги организира владата на Сингапур и се одржуваат дискретно веќе неколку години, велат изворите. Ова е првпат да се известува за овие средби, јавија западни новински агенции.
Претставник на САД на средбата е директорката на националното разузнавање Аврил Хејнс. На средбата учествуваше и претставник на Кина и покрај тензиите меѓу Пекинг и Вашингтон.
Според индиски извор, на средбата има и претставник на Индија.
„Разузнавачките служби се придржуваат до непишаното правило дека можат да комуницираат меѓу себе кога е потешко преку поформална и отворена дипломатија. Тоа е многу важен фактор во време на тензии“, изјави извор запознат со тоа прашање.
Портпаролот на Министерството за одбрана на Сингапур рече дека Дијалогот Шангри-Ла „високи разузнавачки службеници, исто така, ја користат можноста да се сретнат со своите колеги“.
„Можно е Министерството за одбрана на Сингапур да помогне во одржувањето на некои од овие билатерални или мултилатерални состаноци. Учесниците сметаат дека овие состаноци одржани на маргините се корисни“, објасни портпаролот.
Амбасадата на САД во Сингапур соопшти дека нема информации за состанок на разузнавачки претставници. Владите на Кина и Индија не одговориле на барањата на медиумите за коментар за тоа прашање.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци