Висока делегација на Вооружените сили на Романија од утре во официјална посета на Армијата
Висока делегација на Вооружените сили на Романија, предводена од началникот на Генералштабот на ВС, генерал Ѓеоргита Влад, од утре ќе престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
Делегацијата од Романија ќе биде пречекана со високи воени почести во Генералштабот на Армијата, по што ќе оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сaшко Лафчиски.
Главни теми на средбата, како што информираат од Армијата ќе бидат: процесот на трансформација на Армијата, учество на Армијата во меѓународни мисии, капацитетите за обука и вежби на армискиот полигон „Криволак“, можноста за билатерална соработка од областа на силите за специјални операции, заемна поддршка при исполнување на НАТО целите на способности и подобрување на интероперабилноста, како и други теми за унапредување на билатералната воена соработка помеѓу двете армии.
За време на посетата генералот Влад, као што е најавено, ќе оствари средба и со министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-
Јаневска: Училиштата да водат сметка за состојбата на учебниците
-
Преглед на вестите од светот
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила