Македонија
10. April 2024 - 12:18

Висок процент на вакцинација кај децата во охридско-струшкиот регион

Во охридско струшкиот регион има висок процент на вакцинација кај децата.

Во струшко дури 98,9 % од најмладите  се имунизирани за полио и дитепер, додека во Охрид 82% а  во тек е и  вонредна вакцинација за пропуштените дози. Лекарите апелираат родителите да ги вакцинираат децата  и посочуваат дека  имунизацијата е таа што ги спречила болестите од минатото кои однеле многу животи.

Во 21 век не смееме свесно да го загрозиме здравјето на децата и да ги изложиме на ризик од болести кои може да се спречат со вакцини кои е докажано дека се безбедни и високо ефикасни велат докторите.

Родителите треба да знаат дека редовната вакцинација во детството е најбезбедниот, најлесниот и високо делотворен начин за заштита на здравјето во детството и низ целиот понатамошен живот со  избегнување  на вакцинацијата се појавуваат епидемии и се враќаат искоренетите болести од минатото.