ВИП постапка за регистрација на имот во Република Македонија.

Главната цел на оваа постапка е да се скратат чекорите и времето потребно за пренесување на една недвижност од едно на друго лице. ВИП постапката овозможува на граѓаните и правните лица во една скратена изабрзана постапка, по електронски пат да ја реализираат трансакцијата во 3 чекори и 6 дена.
Согласно Doing Business извештајот на Светска банка, Република Македонија во индикаторот за регистрација се наоѓа на 50 место во светот. Република Македонија се наоѓа на оваа позиција порадиседумте чекори за регистрација на имот како и 30 дена време потребно од потпишување на договорот за купопродажба до добивањето на имотен лист. Имено, согласно извештајот два дена од постапката се потребни за подготовка и солемизација на договорот во канцеларијата на нотарот, еден ден е потребно да се регистрира недвижноста во Агенцијата за катастар на недвижности, меѓутоа 21 ден од постапката се потребни за пресметка и утврдување на данкот на промет кој е во надлежност на општините.
Владата на Република Македонија следејќи ја состојбата веќе минатата година ја задолжи Агенцијата за катастар на недвижности и останати државни институции да изнајдат начин за скратување на процедурите и времетраењето на постапката за регистрација на имот во Република Македоија со што на граѓаните ќе им се овозможи брза и ефикасна регистрација на имотот. Главниот заклучок беше да се воведе дополнителна ВИП постапка покрај постоечката постапка за регистрација на имот и да им се овозможи на граѓаните да имаат избор за тоа на кој начин сакаат да ја регистрираат недвижноста.
Од тие причини Владата на Република Македонија изврши измена на повеќе закони со кои се овозможија сите правни услови за воведување на оваа постапка во пракса. Имено се направија измени и дополнувања на Законот за даноците на имот, Измена и дополнување на Законот за процена, Измени и дополнувања на Законот за катастар на недвижности а се донесоа и подзаконските акти односноПравилникот за формата и содржината на аконтативната даночна пријава заутврдување на данок на промет на недвижности и Правилник за формата и содржината на Извештајот за процена на пазарната вредностна недвижноста и пресметка на аконтативен данок на промет при купопродажба нанедвижен имот во посебна.
Оваа постапка стана ефективна од 01.01.2016 година и во овие 3 месеци функционираше по хартиен пат.
Од денеска со надградбата на Е-шалтерот на Агенцијата за катастар на недвижности, оваа постапка на граѓанитеи правните лица им е достапна по електронски пат, и истата започнува од нотарот кој ќе им укаже на странките за можноста за ВИП постапката и доколку истите ја прифатат ќе ги упати на овластен проценител кој во рок од 3 дена ќе изготви процена на предметната недвижност потоа сите документи вклучувајќи ја и аконтативната даночна пријава по електронски пат проценителот ќе го достави до нотарот кој ја води постапката. Нотарот во рок од 2 дека ќе го солемизира договорот, ќе го плати данокот на промет на сметка на општината, ќе стави клаузула за платен аконтативен данок на промет и по електронски пат ќе ги достави сите документи во Агенцијата за катастар на недвижности која во рок од 1 ден ќеизврши регистрацијата на недвижноста и издаде имотен лист. Со ова постапката за регистрација на имот завршува а катастарот по електронски пат целокупната документација ќе ја проследи до надлежната општина која ќе ја провери процената и ќе донесе даночно решение. Ваквата постапка се одвива во 3 чекори и ќе трае вкупно 6 работни дена од започнувањето на процесот.
Вака поставената ВИП постапка очекуваме да има и големо влијание на новиот извештај на Светска банка Doing Business 2017 каде според анализите кои ги направи Агенцијата за катастар на недвижности би требало да имаме подобрување на рангирањето за најмалку 10 места, односно од сегашното 50 место кај индикаторот за регистрирање на имот Република Македонија би требало да се најде на најмалку на 40 место во светот во овој индикатор, а доколку оваа постапка стане доминантна при регистрирањето на имот во Република Македонија тогаш кај индикаторот регистрирање на имот ќе може да бидеме меѓу првите 10 земји во Светот .
Она што не радува посебно нас како Агенција за катастар на недвижности е подиндикаторотза квалитет на земјишна администрација на индикаторот за регистрирање на имот а кој подиндикаторот кој се однесува на работата на катастарот, системите кој истиот ги развива и административните службеници кои работат во Агенцијата. Согласно овој подиндикатор Агенцијата за катастар на недвижности се наоѓа на 10 место во светот по развиеност на катастарските системи со оценка од 24 бодови од можни 30.
За споредба само просекот на катастрите од европа и југоисточна азија кај овој индикатор изнесува 19.4 бодови додека просекот на земјите од OSCD изнесува 22.7 од можни 30 бода.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Цените во маркетите пораснале за 0,4%, покажа анализата на ДПИ и Министерството за труд
-

Пратениците со средна оценка за аргументирана дебата во Собранието
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
