-->
-->
„Вино Скоп 2016“ од 28 септември до 2 октомври
-->
Десеттиот фестивал на виното „Вино Скоп“ ќе се одржи од 28 септември до 2 октомври на градскиот плоштад „Македонија“.
Во центарот на Скопје, посетителите пет дена ќе можат да дегустираат квалитетно македонско вино и да уживаат во настапите на македонските музичари Владо Јаневски, „Куку Леле“, Ристо Самарџиев, Јаков Дренковски, Миле Кузмановски, Ефто Пупиновски...
Фестивалот го организира „Темов“, а покровител е Град Скопје. Годинава ќе учествуваат над 20 винарии.
- Во текот на изминатите десет години фестивалот стана заштитен знак на есента во Скопје, како и привлечна туристичка атракција за голем број странски туристи кои секоја година ги има во поголем број, информира организаторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СЗО: Речиси 200 нови инфекции со мајмунски сипаници во повеќе од 20 земји
-
Ковачевски: Манастирот Св. Јован Бигорски е живо сведоштво за автентичниот македонски идентитет
-
109 нови случаи на Ковид-19
-
Од денес повторно во функција Амбасадата на Северна Македонија во Киев
-
Ковачевски: Покачувањето на платите на универзитетските професори е планирано во Буџетот
-
Ковачевски: Инвестирани над 1 милијарда евра во изградба и модернизација на патната инфраструктура во земјава
-
Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија
-
Црвенковски: Преспанскиот договор е избор на помалото зло