Виничанец предизвика тешка сообраќајка кај Александар Палас - еве каква е состојбата на повредените
Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера на булеварот 8 септември. Според информациите на МВР, несреќата се случила во 14:10 часот на булеварот „Осми Септември“ што дошло до судир помеѓу патничко возило „Мазда 6“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.К.(66) од Виница и патничко возило „Фиат Добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(33) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле двајцата возачи. Со возило на Итна медицинска помош Љ.К. бил пренесен во болницата „Свети Наум Охридски“, додека Д.И. бил пренесен во Градската општа болница „Осми Септември“. По укажаната лекарска помош, Љ.К. бил задржан на понатамошно лекување, додека Д.И. бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР