Вимблдон: Последниот четвртфиналист се решава денеска
На машкиот дел од Гренд слем турнирот во Вимблдон познати се седуммина учесници во четвртфиналето, последниот ќе биде познат во вторник, кога ќе се одигра дуелот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Адријан Манарино.
Дуелот на српскиот и францускиот тенисер според денешната програма требаше да биде трет на теренот број 1, но не почна бидејќи мечот Милер и Надал траеше безмалку пет часа.
Инаку, Ѓоковиќ долго време се расправал со организаторите неговиот дуел да биде префрлен на Централниот терен, бидејќи Федерер експресно го реши мечот со Димитров, но тие не ја прифатиле неговата сугестија.
Бидејќи Надал и Милер својот меч го завршија нешто пред 21 часот лондонско време, организаторот реши Ѓоковиќ и Манарино да играат во вторник, на Централниот терен, од 13 часот по средноевропско време.
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак