-->
-->
Вимблдон: Победи на Швјонтек и Ѓоковиќ
-->
Сигурни победи на Вимлдон на првите фаворити Ига Швјонтек и Новак Ѓоковиќ кои обезбедија пласман во третото коло. На СП во ватерполо борба за влез во финалето.
Првата светска тенисерка Ига Швјонтек ја продолжува серијата победи и триумфираше по 37-ми пат во серија што и донесе пласман во 3. Коло на турнирот во Лондон. Тенисерката од Полска беше подобра во три сета од Холанѓанката Лесли Патина од која го загуби вториот сет.
Патина изненади со добра игра иако е рангирана како 138-ма во светот. Следен противник на Швјонтек ќе и биде Французинката Ализ Корне.
На машкиот турнир српска пресметка во која поискусниот Новак Ѓоковиќ беше немилосрден против Миомир Кецмановиќ кој во трите сета успеа да освои само 7 гема и во осминафиналето ќе игра против Ратховен од Холандија кој пред само две недели го освои турнирот во Хале со победа во финалето над Данил Медведев.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Кочани
-
Пронајдена дрога при претрес во Прилеп, приведено едно лице
-
Премиерот Мицкоски во посета на Кавадарци
-
Загина пешак кај кочанското село Тркање
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја предводи македонската делегација на 79. Генерално Собрание на ОН во Њујорк
-
Хезболах објави дека уште еден висок командант е убиен во израелскиот воздушен напад врз предградие на Бејрут
-
Расходите на Харис во август во кампањата се три пати поголеми од оние на Трамп
-
Русија соборила над 100 украински дронови над неколку области