-->
-->
Вимблдон: Елиминиран победникот на Ролан Гарос Вавринка
-->
Шампионот на Ролан Гарос Стан Вавринка го заврши настапот на Вимблдон откако вечерва во четвртфиналето загуби со 3-2 во сетови од 29-годишниот Французин Ришар Гаске.Ова за Гаске е второ полуфинале на Вимблдон, првото го играше во 2007 година.
Гаске го доби првиот сет со 6:4, а следните два му припаднаа на Вавринка со 6:4 и 6:3 и поведе со 2-1. Сепак Гаске изедначи добивајќи го четвртиот сет до 6:4.
Во решавачкиот сет Гаске направи брејк за водство од 5:3, но Вавринка врати со ри-брејк за 5:4. Гаске ја искористи 3.та меч топка во 20.гем од решавачкиот и го доби сетот со 11:9.
Во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ, против кого има една победа во 12 меча. Во второто полуфинале ќе играат Мареј - Федерер.
Резултати 1/4 финале:
Ѓоковиќ - Чилиќ 3-0 (6:4; 6:4; 6:4)
Гаске - Вавринка 3-2 (6:4; 4:6; 3:6; 6:4; 11:9)
Мареј - Поспишил 3-0 (6:4; 7:5; 6:4)
Федерер - Симон 3-0 (6:3; 7:5; 6:2).
Утре се играа женските полуфинални мечеви:
Гарбине Мугуруза - Агнешка Радванска
Серена Вилијамс - Марија Шарапова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Како социјалните мрежи можат позитивно да го променат животот на еден млад човек
-
Граѓаните извисија: Три часа евтина струја преку ден летово ќе нема, сега ќе се крои новата цена за од 1 јули
-
Тешко до работа преку Отворен Балкан
-
34 години ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски утре ќе го доставува предлогот за Влада до Собранието до недела на полноќ треба да се избере владиниот кабинет
-
Шест години од потпишувањето на Преспанскиот договор
-
Проф. Садикарио: Од Струшкиот медицински факултет ќе излегува импровизиран кадар, а тоа е многу опасно
-
Миле Јанакиевски по 6 години поминати од затвор излезе на слобода