Балкан
12. July 2015 - 19:43

Викторија Нуланд во Приштина се сретна со Атифете Јахјага и Кадри Весели

Помошникот американски државен секретар Викторија Нуланд денеска во Приштина разговараше со косовската претседателка Атифете Јахјага и претседателот на собранието Кадри Весели, јави Танјуг. 

Средбите беа затворени за медиуми. 

Нуланд се очекува да се сретне и со премиерот и заменик премиерот на косовската влада Иса Мустафа и Хашим Тачи, како и со лидерот на Алијансата за Косово Рамуш Харадинај. 

Во приштинските медиуми посетата на Нуланд се оценува како притисок за усвојување на уставни амандмани со кои ќе се овозможи формирање Специјален суд за злосторства на борци на ОВК.