-->
-->
Викторија Нуланд во посета на Кипар во средината на октомври
-->
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, се очекува да го посети Кипар во средината на октомври, објави „Сајпрус мејл".
Весникот посочува, повикувајќи се на агенција КНА, дека најверојатно датумот на посетата ќе биде 14 октомври, а целта на посетата ќе биде Нуланд да изрази поддршка од името на американската администрација за интензивните преговори за решавање на кипарското прашање, кои се водат меѓу претседателот Никос Анастасиадис и лидерот на кипарските Турци Мустафа Акинчи.
Изворите велат дека првичните планови предвидуваат Нуланд да ги посети и Анкара и Атина, но најверојатно во оваа фаза тоа нема да се случи, наведува весникот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
18-годишник се здобил со тешки повреди откако со возило излетал од патот кај Гостивар
-
Фатен бегалец од затвор
-
ЈОРСМ: Преземени сите списи во врска со постапките за утврдување одговорност на судии кои постапувале во „Таргет-Тврдина“
-
ССМ: До крајот на годината работодавачите да исплатат К-15, право загарантирано со ОКД
-
Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје
-
Мицкоски: Борбата со криминалот подолжува, се работи на десетици случаи
-
Над 900 производи во „Новогодишната кошница“
-
Франција доби нов премиер