Македонија
23. December 2015 - 16:37

Викторија Лоба, Боби Мојсоски, ансамблот „Билјана јуниор“ и групата „Компас бенд“ во Охрид

Викторија Лоба,  Боби Мојсоски, ансамблот „Билјана Јуниор“ и групата „Компас бенд“ ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочек на Новата 2016-та година.

Градоначалникот Бакрачески очекува препол плоштад за најлудата ноќ, а според најавите на туристичките работници хотелиерите и приватните станоиздавачи градот ќе биде исполнет преполн со туристи.

Во Охрид во тек е дванаесетдневната предновогодишна програма со настап на ученици од  основните и средни  училишта, најмладите од  детската градинка „Јасна Ристеска“,културно уметнички друштва ,детски фестивали и танцови клубови.

Инаку за украсување на градот годинава се потрошени околу еден милион и 180 илјади денари а за дочекот на Новата година ќе се потрошат 700 илјади денари.