Викиликс со нови докази: Специјалните служби на САД ја прислушувале германската Влада и Меркел
Специјално одделние на американската Агенција за национална безбедност (НСА) и Централната разузнавачка агенција (ЦИА) ги прислушувало телефонските разговори на германската Влада. За тоа сведочи новиот документ, објавен од организацијата Викиликс, информира ТАСС, повикувајќи се на германскиот дневен весник „Зиддојче цајтунг“.
Именувањето на одделението - Специјална служба за собирање - во протоколите на агенцијата фигурира од 2011 година, а во нив се даваат информации за прислушуван телефонски разговор меѓу шефот на одделот за прашањата на Европската унија во Владата, Николаус Маер-Ландрут, и еден советник на тогашниот француски претседател Никола Саркози.
Германските медиуми во средата, повикувајќи се на податоци од Викиликс, информираа дека НСА долго време го прислушувала не само телефонот на канцеларката Ангела Меркел, туку и на серија министри и други високо позиционирани функционери на германската Влада.
Во врска со новите информации американскиот амбасадор во Германија, Џон Емерсон во четвртокот беше повикан на разговор во Владата.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска