Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје викендов исчистиле десетина диви депонии во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.
Како што информира „Комунална хигиена“ - Скопје, екипите чистеле на улица „Самоилова“ во општина Чаир, каде во непосредна близина на Музејот на современа уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.
Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата „Орце Николов“.
На улицата „Февруарски поход“ во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот „Партизански одреди“ кај Порта Влае и на улицата „Московска“ во општината Карпош отстранети се 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје расчистиле и обемна дива депонија лоцирана на улицата „Димо Хаџи Димов“ во скопската општина Кисела Вода, каде се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања.
Ново на Сител
-
Безбедна водата за пиење во Скопје
-
Спроведени 62 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња, кај две најдени производи со изминат рок
-
Тошковски: Нема официјална потврда од ниедна соседна земја каде е Груби
-
Приходите на апликацијата Телеграм надминаа милијарда долари во 2024 година
-
Задолжителниот воен рок во Хрватска ќе започне кон средината на следната година
-
19 годишник од беровско во „алфа ромео“ превезувал 10 мигранти
-
Без струја утре делови од општините Сарај и Бутел
-
Џиро д‘ Италија во 2025 ќе стартува од Албанија