Викендов во Скопје ќе се прска против комарци
Првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне викендов.
- Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Воедно, се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Ново на Сител
-
Отворен и кариерен ден на УГД– Штип и Стопанска комора на Македонија
-
Фондацијата Елеуса обезбеди Велигденски пакети за над 200 семејства
-
Преглед на вестите од светот
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во Вреди
-
Сопартијците на Таравари одлучуваат за иднината во коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-
Не успеа обидот на ДУИ за надзорна расправа за Кочани
-
Тошковски за ДУИ, СДСМ и Левица – политички паразити на кои им пречи расчистување со криминалот