Викендов во Скопје 41 сообраќајка, еден пешак потешко повреден
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на СВР Скопје се случиле 42 сообраќајни незгоди, од кои во една потешко бил повреден пешак, во 13 со полесни повреди се здобиле 23 лица, а 10 сообраќајки поминале само со материјална штета.
Како што информира МВР, во петокот сообраќајната полиција извршила увид на 10 сообраќајни незгоди, од кои во пет полесно биле повредени 11 лица, а пет поминале само со материјална штета.
Во саботата извршен бил увид во девет сообраќајни незгоди. Во пет полесно биле повредени осум лица, а во четири била причинета материјална штета.
Вчера во Скопје бил извршен увид на пет сообраќајки. Во една од нив пешак бил потешко повреден, во три со полесни повреди се здобиле четири лица, а една била со причинета материјална штета.
Викендов полицијата открила и санкционирала четири возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како 12 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола или нерегистрирано. Биле затекнати и 34 непрописно паркирано возило.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстрането било 51 возило.
Ново на Сител
-
Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
-
Малолетник натепан од свои врсници во Аеродром - Еден снимал, другите физичките го нападнале
-
Претседателката Сиљановска-Давкова на отворањето на Самитот за мир во Украина
-
Недела неработен ден за верниците од муслиманска вероисповед
-
Руски воен авион го наруши шведскиот воздушен простор
-
Истрага за двојното убиство во Кратово
-
Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаи упати честитка по повод Курбан Бајрам
-
Скопјанец осомничен за разбојништво во банка