Викендов ветровито со услови за дожд и снег, од понеделник постудено
Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец и од попладне во
западните делови ќе има услови за слаб дожд, на планините за снег. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната од четири до 18 степени. Во Скопје слично време со минимална температура од минус еден и максималната од 14 степени.
Под влијание на влажен бран во недела кон крајот на денот на запад ќе има повремен дожд, на планините снег. Врнежите ќе продолжат преку ноќта и во понеделник, кога ќе се прошират насекаде и
претежно во планинските региони ќе бидат пообилни и појава на снег ќе има понекаде и на
повисоките места, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во понеделник и особено во вторник ќе дува силен северен ветер (и над 65
км/час), а дневните температури во понеделник ќе бидат пониски за 6 до 8 степени.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Мора да има одговорност за прислушувањето
-
Филипче: Најлошо ќе биде да не правиме ништо
-
Јаневска: Студентите имаат партнер во МОН
-
Под ингеренции на МОН, од годинава 8 регионални центри за стручно образование и обука
-
Бројот на првачиња во Струмица намален за 10%
-
Митевски: Работиме на решение за Вардариште
-
Шукова: Вардариште ќе остане депонија
-
Охрид треба да привлекува туристи со своето природно и културно наследство, а не со езерски туризам