Викендов трето издание на спортско-рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“
Со ноќната трка што ќе се одржи вечерва од 21.00 часот, долж Кејот на Охридското Езеро, почнува спорсткиот викенд со рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“.
Третото издание на минифестацијата ќе собере повеќе од 1.500 учесници од дваесеттина држави од целот свет. Главните трки на пет и десет километри како и тим-билдинг трките, ќе се одржат в недела.
Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, смета дека спортската манифестација „Охрид Трчат” прераснала во своевиден спортски бренд и го поставила Охрид на мапата врвни спортски настани.
– Заложбите на организаторите и креативниот тим, кои стојат зад идејата и концептот на целокупната маратонска програма, ги препозна и несебично ги поддржа Општина Охрид како и бројни компании и фирми. Бројката од над 1.500 пријавени учесници, кои викендов ќе трчаат на отворено по дефинираните тркачки траси низ Охрид, даваат јасен сигнал дека целта е постигната и дека третото издание на „Охрид Трчат” ќе биде еден вистински спортски спектакл, истакна денеска Георгиески.
Во рамки на програмата од Охридскиот атлетски викенд, за утре е предвидено одржување на комерцијално „Експо“„ и Панел дискусија“, на која ќе учествуваат организаторите на слични маратонски настани во регионот
Во целокупната организација на „Охрид Трчат” оваа година се вклучени над 200 волонтери, а околу 60 лица ќе бидат задолжени за техничката организација. За здравјето на учесниците во трките ќе бидат ангажирани над 40 медицински лица, кои ќе бидат координирани од страна на охридскиот Црвен Крст.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии