Викендов посебен сообраќаен режим во Скопје

Поради одржување јавен собир во текот на викендов во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на улицата „Кирил и Методиј“.
Како што информира МВР, денеска од 13,30 часот на потегот од улицата „Кирил и Методиј“ пред канцеларијата на Европска Унија ќе се поставува бина при што сообраќајот ќе биде пренасочен по булеварот „Кочо Рацин“ и улиците „11-ти Октомври“, „Даме Груев“ како и други споредни улици.
Во недела од 12,30 часот, поради одржување на јавен собир, сообраќајот ќе биде пренасочен, односно забаранет за сообраќај ќе биде потегот од раскрсницата на булеварот „Кочо Рацин“ со улицата “Кирил и Методиј“ (поранешна Мито Хаџи Василев-Јасмин) до раскрсницата на оваа улица со булеварот „Свети Климент Охридски“. По потреба, сообраќајот ке биде пренасочен и на потегот од булеварите „Партизански Одреди“, „Крсте Мисирков“, „Кузман Јосифоски-Питу“ и „Борис Трајковски“.
Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Ново на Сител
-

Цените на нафтата во пораст поради заканите на Трамп кон Иран
-

Јавна расправа во Собранието за предложениот закон за Советот на јавните обвинители
-

Почнува Страдалната – Страсната – Велика седмица
-

Свечена академија за 75 години постоење на Државниот архив
-

Трамп го одложи ултиматумот до Иран до утревечер во 20 часот
-

Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина
-

Сончево и топло до 25 степени
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
