Викендов хорор во Македонија: Отишла да чува дете, не ни насетувала што ја чека

Вистински хорор се одвивал вчера во Прилеп кога во куќа на улицата Оревојачка, била нападната и брутално повредена жена која чувала дете. Полциијата денеска информира дека се работи за 47-годишната П.И. која била вработена како дадилка во куќата на 41-годишната Д.Р. на која и го чувала детето. Жената го почнала денот како и секој друг, не ни насетувајќи што ќе и се случи, се додека засега непознат насилник не влегол во куќата. Тој ја удрил дадилката со тврд предмет во главата, по што таа паднала и се онесвестила, па тој и ги врзал рацете и устата со самолеплива лента, по што претурил се во куќата, а откако не нашол ништо, излегол.
На П.И. и била укажана медицинска помош и констатирани и биле телесни повреди од страна на лекар од Итната медицинска помош.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
-

Обложувалниците против новиот закон
-

Крај на учебната 2025/2026 година и почеток на летниот распуст
-

Телеком донира опрема за училишта
-

Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
-

ДЗС бара луѓе за летна борба со пожари, плата 44 илјади денари
