Викендот издадени 1.209 потврди за поднесување барање за азил
Во текот на викендот, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, Министерството за внатрешни работи издаде 1.209 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19.06.2015 до 06.07.2015 година во 08.00 часот, соопшти денеска МВР, издадени се потврди на вкупно 8.595 странски државјани, од кои 6.688 се од машки пол, 1.081 се од женски, 790 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 36 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија и тоа 5.911, потоа на Авганистан 743, од Ирак 485, Пакистан 366, од Сомалија 268, Конго 238, од Палестина се 221, додека останатите се во помал број.
До Одделението за азил, соопшти МВР, се поднесени 13 барања од сиријски државјани за азил, од кои четири за деца.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 06.07.2015 година се евидентирани вкупно 33 барател на азил, од кои 25 баратели на азил се мажи, 1 барател на азил е жена и 7 баратели на азил се малолетни лица.
Од вкупниот број баратели на азил кои се присутни во ЈУ Прифатниот центар, евидентирани се 2 баратели на азил со повреди на долните екстремитети (двајца мажи), 7 малолетни лица без придружба на старател, додека пак бремени барателки на азил не се регистрирани во ЈУ Прифатниот центар.
Изминатите два дена, трите мобилни екипи пружија прва помош на вкупно 385 лица, од кои 41 интервенции се извршени во Табановце, а останатите на граничниот премин Гевгелија и железничката станица. Реализиран е транспорт на 12 лица од граничен премин до општата гевгелиска болница. Дистрибуирани се 278 шишиња вода, 22 ќебиња, 17 кутии двопек, 15 УНФПА пакети, и 67 пакувања пелени.
Ново на Сител
-
МВР има нови осомничени за хибридни закани врз државата
-
Мицкоски по условната пресуда за Онкологија: Судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту овие плати
-
СДСМ бара оставка од министерката Јаневска, голем број ученици се уште немаат учебници
-
Експерти: Системската корупција останува проблем кој сериозно влијае на безбедноста на државата
-
Тутунарите се надеваат на добри откупни цени на тутунот
-
Повеќе од 5.000 апликации за земјоделски субвенции во Струмица
-
За три месеци 94 сообраќајни незгоди
-
Преглед на вестите од светот