Викендот 31 сообраќајка во Скопје, пајакот подигнал 119 возила
Еден пешак, еден возач на мотоцикл и еден возач на патничко моторно возило се здобиле со тешки телесни повреди, а 17 се здобиле со полесни повреди во 31 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиот викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 17 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Според полицискиот извештај 138 возачи се движеле со поголема брзина од дозволеното, 40 возачи возеле под дејство на алкохол, 43 возачи возеле пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило, а од сообраќај биле исклучени и 12 возачи почетници.
Од сообраќај било исклучено едно неисправно возило и 31 нерегистрирани.
Сообраќајната полиција издала 189 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 119 возила.
Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување и еден возач за не давање првенство на минување на возила во зона на крстосница.
Ново на Сител
-
Во Собранието одбележување на 11 Јули - Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница
-
Годишни извештаи за 2023 на неколку институции пред собраниската Комисија за политички систем
-
При претрес во Ресенско пронајдена дрога, приведен дваесетгодишник | ФОТО
-
Почна гаснењето на големиот пожар на планината Огражден, во близина на границата со Бугарија
-
Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика
-
ВМРО-ДПМНЕ ги отфрли обвинувањата на СДСМ оти понудата за заем од Унгарија е под неповолни услови
-
ЦУК: Армискиот хеликоптер почна со гасење на пожарот на планината Серта
-
Портокалово ниво на опасност од високи температури, Владата со препораки до граѓаните