ВИКЕНД ВРЕМЕНСКА: Не чека промена со времето

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а во вечерните часови со зголемената облачност во западните и северните делови ќе има локален дожд.
Врнежите во текот на ноќта ќе се прошират кон централните делови. Ќе дува умерен ветер од јужен и југозападен правец, кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе засилува.
Утринската температура ќе се движи од два до 10 степени, а дневната од 22 до 28 степени.
Во Скопје слично време. Врнежите во текот на ноќта ќе бидат почести.
Ќе дува умерен ветер кој кон крајот на денот ќе преминува во северен. Температурата ќе се движи од осум до 26 степени.
Врнежите во сабота повремено ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително и нагло опаѓање на температурата на воздухот за околу 13 степени.
На планините ќе има и врнежи од снег, особено во северните делови, каде снежната покривка можно е да се спушти и под 1.500 метри надморска височина.
Од недела утринските температури ќе бидат ниски, а дневните во постепен пораст.
Ново на Сител
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
-

Андоновски: Со „Везилка“ уште ова лето ќе се видат првите резултати од заштитата на македонскиот јазик во дигиталниот простор
-

Де ла Фуенте: Оваа Шпанија прима малку голови и знае како да постигне гол
-

Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик дека ќе ги отстранува незаконските поставените предмети од плажите
-

Андоновски: Темелите се поставени, продолжуваме со дигитализацијата и унапредувањето на услугите
-

Иран ги осуди американските напади врз јужниот брег и го обвини Вашингтон за кршење на мировниот договор
-

Тошковски: Македонија има најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
-

СП 2026: Познати 22 од 32 учесника во плејофот
