Македонија
21. August 2016 - 16:35
Викенд населбата Шапка прераснува во место за постојан престој пред се на пензионерите
Природните убавини, мирот и чистиот воздух на Попова Шапка наместо загадената животна средина и метежот во градовите.
Ова се причините десетина пензионери пред се од Скопје, да се одлучат постојано да живеат на Попова Шапка.
Сите доаѓале на скијање и излети порано, а сега кога немаат работни обврски викендичките им се нивен дом.
Сашко Панов најдолго, околу десетина години постојано живее овој зимско-рекреативен центар,
Поради тоа го добил и прекарот градоначалник на Попова Шапка.
Малата заедница постојани жители се зголемува во летниот период, а чести се и посетите на внуците.
-

Александар Самарџиев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
