Фудбал
28. September 2015 - 12:56

Виера наследник на Адвокат во Сандерленд?

Легендарниот Патрик Виера е блиску до позицијата менаџер на Сандерленд пишуваат англиските медиуми. 

Ваквиот епилог се навестува по лошиот старт на екипата која под  водството на Дик Адвокат има очаен старт сезонава и три порази во серија. 
Јасно е дека Виера нема искуство со прв тим но зад себе има богата кариера со Арсенал, Јувентус, Интер и Манчестер Стии. 
Виера во моментов работи со младинските категории во Манчестер Сити и од клубот најавија дека се подготвени да му излезат во пресрет на Французинот иако им е потребен во младинскиот погон каде одлично работи.