-->
-->
(ВИДЕО) Реал во финалето на Светското клупско првенство
-->
Актуелниот европски првак Реал Мадрид ќе ја брани и титулата на Светското клупско првенство што се одржува во Абу Даби.
Реал со сресврт во вториот дел, во полуфиналето на ова натпреварување ја совлада екипата на Ал Џазира од Обединети Арапски Емирати со 2-1, иако по првиот дел „кралевите„ имаа негатива од 0-1.
Тимот на Ал Џезира, иако ја имаше улогата на аутсајдер. со голот на Ромарињо во 41.минута дојде до неочекувана предност.
Сепак во вториот дел, Реал ја потврди фаворитската улога. Со головите на Кристијано Роналдо во 53.минута и Герет Бејл во 81-та, шпанскиот тим направи комплетен пресврт и се пласира во финалето.
За трофејот Реал ќе се бори во јужно-американскиот шампион Гремио од Бразил кој во полуфиналето ја елиминира мексиканската екипа Пачука.
Финалниот меч на Светското клупско првенство ќе се игра во сабота (16 декември) во терминот од 18 часот, додека претходно (15 часот) Ал Џезира и Пачука ќе го одиграат мечот за третото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра