Ракомет
15. January 2018 - 21:01

(ВИДЕО) По голема драма Германија се спаси од пораз од Словенија

Голема драма на првиот меч од 2.коло во групата Ц се случуваше вечерва во загрепска „Арена“  по што Германија се спаси од пораз во дуелот против Словенија. 
 
Словенците во текот на целиот меч го контролираа резултатот, а во првиот дел имаа и шест гола предност за на одмор да заминат со 15:10. 
 
Во вториот дел актуелните европски прваци Германците се вратија во игра и успеаја да стигнат до израмнување. Во завршните 30-секунди, откако Германија израмни на 24-24, Словенците изведоа брз „центар“ по што постигнаа и гол за победа 25-24, но на сцена стапија судиите. 
 
Германците побараа дополнително прегледување на снимката, по што судиите Пишон и Ревере од Франција, по  десетинасетминутна консултација  и прегледување на снимката, се вратија на терен и му доделија црвен  картон на Благотиншек што автоматски значеше и седмерец за Германија кој беше реализиран за конечени 25-25.
 
 
<iframe width="640" height="360" src="https://www.youtube.com/embed/7XHwZkkA03k" frameborder="0" allow="autoplay; encrypted-media" allowfullscreen></iframe>