(ВИДЕО) Пет екипи обезбедија место во следната фаза на Лига Европа
Пет екипи веќе обезбедија пласман во нокаут фазата на Лига Европа, на две кола пред крајот на групната фаза.
По одиграните средби од 4.коло, сигурни учесници во следната рунда се Лацио, Арсенал, Динамо Киев, Зенит и ФЦС Букурешт.
Лацио минимално со 1-0 ја совлада Ница благодарение на авгоголот на Максим Ле Маршан во третата минута од судиското дополнение (90+3) со што го осигура првото место во К групата. Иако Арсенал одигра без голови со Црвена звезда во Лондон сепак „топџиите“ се сигурни патници во следната рунда од Х Групата.
Зените е убедливо прв во Л групата во која е и Вардар кој заедно со Евертон и Макаби Хаифа, ќе ги завршат настапотите во ЛЕ по мечевите во групната фаза.
Резултати од синоќешните мечеви од Лига Европа:
Арсенал – Црвена Звезда 0:0, Атлетико Билбао – Остерсундс 1:0, Келн – Бате 5:2, ФЦСБ – Хапоел Бер Шева 1:1, Гимараеш – Олимпик Марсеј 1:0, Херта – Зорја 2:0, Лацио – Ница 1:0, Плзен – Лугано 4-1, Реал Сосиедад – Вардар 3:0, Розенборг – Зенит 1:1, Салцбург – Коњаспор 0:0, Витесе - Варегем 0:2
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови