ВИДЕО од физичката пресметка помеѓу Балисти и Шверцери во Чаир
Четворица полицајци беа повредени во судирот меѓу навивачите на екипите „Шкендија“ и „Шкупи“ во скопски Чаир.
Навивачите на фудбалските тимови „Шкендија“ и „Шкупи“ мината среда направија хаос на натпреварот што се играше на стадионот „Чаир“, помеѓу екипите на „Шкупи“ и „Силекс“. „Балистите“ и „шверцерите“ прво се степале на стадионот, поради што натпреварот кратко бил прекинат, а судирите продолжиле и надвор од теренот при што биле повредени четворица полицајци. Од СВР-Скопје нè информираа дека се приведени три лица.
Додека траел мечот меѓу екипите на „Шкендија“ и „Силекс“ на стадионот во Чаир пристигнале навивачите на „Шкупи“ - „шверцери“ со цел да предизвикаат инцидент. Од полицијата велат дека при крај на мечот настанала тепачка меѓу „шверцерите“ и навивачите на „Шкендија“ - „балисти“, која била спречена од страна на полициските службеници.
По завршување на натпреварот судирот меѓу навивачите продолжил и надвор од стадионот, по улиците низ Бутел и Чаир.
„Шверцерите“ со камења и шишиња фрлале кон автобусите на „балистите“. Во целиот хаос што настанал биле повредени четворица полицајци, од кои едниот се здобил со потешки повреди. Од СВР-Скопје велат дека полицајците не биле директна цел на напад, туку биле повредени од разлетаните камења и шишиња.
Во врска со инцидентите се приведени три лица на возраст од 21, 34 и 38 години, против кои ќе биде поднесена пријава за насилно и недостојно однесување на спортски натпревари.
Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
