-->
-->
ВИДЕО: Нова победа на Атлетико Мадрид во шпанската Примера
-->
Откако изминатиот викенд го победија градскиот ривал Реал, фудбалерите на Атлетико Мадрид синоќа остварија нова победа во Шпанското првенство.
На средбата од 27.коло во Примера, составот на Атлетико пред својата публика на „Винсенте Калдерон’’ во Мадрид ја совлада екипата на Сосиедад со 3:0.
Популарните „јорганџии’’ поведоа благодарение на автоголот на Диего Рејес во 8-минута. На почетокот на вториот дел (46-минута), Саул Нигуез зголеми на 2:0, а во 61-минута Грузман од пенал ги постави конечните 3:0 за Атлетико.
Покрај овој меч вчера се одигра и натпреварот Лас Палмас – Гетафе 4:0.
За вечерва закажани се нови пет натпревари, а двојките се: Севиља – Еибар, Малага – Валенсија, Селта Виго – Виљареал,
Атлетик Билбао - Депортиво Ла Коруња (од 20 часот) и
Леванте - Реал Мадрид (од 21 часот).
Простанатите три средби од ова коло на програмата се во четврток, а во нив ќе играат: Гранада - Спортинг Хихон, Еспањол – Бетис и Рајо Ваљекано – Барселона.
Табела: Барселона 66 бодови, Атлетико Мадрид 61, Реал Мадрид 54, Виљареал 52, Севиља 41, Селта 41...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз