ВИДЕО: Јеца и Паки во МАГАЗИН погодуваат зборови со слушалки
За добар почеток на денот, исполнет со позитивна енергија, продуцентите на емисијата Магазин која се емитува на Сител Телевизија подготвија забавна игра која се вика Шепотење.
За играта потребни се двајца играчи од кои едниот ќе биде со слушалки на кои ќе биде пуштена гласна музика за тој да не може да слуша што ќе му кажува другиот играч, а пак другиот играч има задача да ги објаснува зборовите и да ги изговара чисто и разбирливо за играчот со слушалки да може да ги погоди. Додека трае играта има тајмер кој го означува времето на завршување. Оваа игра ни покажува колку е важно изговорот и зборувањето да бидат јасни.
Во продолжение може да го погледнете видеото и начинот од денешната емисија во која водителката на Магазин и нејзиниот гостин Паки ја одиграа играта.
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК