Македонија
23. October 2022 - 20:45

ВИДЕО: Голем пожар избувна во зграда во Штип

Голем пожар избувна во зграда во Штип. Противпожарните служби се на терен и во моментот го гасат пожарот. Причините засега се непознати, а нема повредени луѓе. Огнената стихија зафатила два стана.

Во тек е евакуација на станарите, но двајца станари од погорните катови сѐ уште не го напуштиле објектот.

Како што соопштија од ТППЕ Штип за државната агенција МИА, пожарот се случил во 18:30 часот.