Фудбал
22. јуни 2016 - 12:47

(ВИДЕО): Фрустираниот Роналдо фрли микрофон на телевизиска екипа во езеро

Лошиот настап, далеко од очекуваното, како и ситуацијата во која се наоѓа селекцијата на Португалија, очигледнои фрустрирачки делува на првата ѕвезда на „морепловците“ Кристијано Роналдо кој на новинар на португалска телевизија му го зема микрофонот од рака и го фрли во езеро.
 
Селекцијата на Поругалија вечерва игра клучен натпревар против Унгарија на кој ќе брка пласман во осминафиналето.
 
Избраниците на Фернандо Сантош утрово се обидоа да се  релаксираа со прошетка низ Лион, но очигледно тензијата во тимот по нерешените натпревари против Исланд и Австрија се уште е присутна.
 
Кога новинар на весникот Корејо де Мања му пристапи на Кристијано Роналдо да го праша за мислење за дуелот со Унгарија, капитенот на Португалија наместо одговор му го зема микрофонот од рака и го фрли во езеро.