Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ денеска во посета на Данска
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска е во еднодневна посета на Кралството Данска. На покана на данскиот министер за надворешни работи и поранешен премиер Ларс Локе Расмусен, Маричиќ ќе учествува на конференција по повод 30-годишнината од копенхашките критериуми.
Како што информира Секретаријат за европски прашања (СЕП), Маричиќ ќе има обраќање во втората сесија „Моменталните земји кандидати: предизвици, можности и начини за напредување“ на панелот на тема: „Улогата на Копенхашките критериуми во реформските процеси на Западен Балкан“. Негови соговорници ќе бидат српската министерка за европски интеграции Тања Мишчевиќ, заменик-министерката на Албанија Меги Фино и Михаела Матуела, директорката на Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Комисија.
На маргините на конференцијата вицепремиерот Маричиќ ќе сретне со домаќинот, министерот за надворешни работи на Кралство Данска Ларс Локе Расмусен, а потоа заминува за Берлин, каде заедно со премиерот Ковачевски и министерот за надворешни, Османи ќе остварат работната билатерална средба со германскиот канцелар, Олаф Шолц.
Ново на Сител
-
Со електронски алки за следење ќе се намалува бројот на затвореници
-
Муртезани: Очекувам да расте бројот на пратеници
-
Мицкоски: Жалам за одлуката на Таравари
-
Прв состанок на националниот консултативен механизам за Реформската агенда
-
Струмица со план против загадениот воздух
-
Преглед на вестите од светот
-
Фетаи: Нема да дозволиме ДУИ да се врати како ништо да не се случило
-
Мицкоски најавува промени во Владата